Мет Дејмон и Скарлет Јохансон се бакнувале на сет од филм, откако актерката јадела сендвич со лук

Актерот Мет Дејмон откри дека бакнувањето на сетот од филмот „Купивме зоолошка градина“ со колешката Скарлет Јохансон за него било пекол.

Холивудскиот актер Мет Дејмон го призна ова за време на играта за LadBible во која заедно со колешката од Опенхајмер, Емили Блант требаше да кажат дали се согласуваат или не се согласуваат со изјавата дека личноста треба да се предупреди доколку има лош здив.

Дејмон потоа ја раскажа приказната за бакнувањето со Скарлет Јохансон за време на снимањето на „Купивме зоолошка градина“ од 2011 година: „Можете ли да замислите колку ужасно беше тоа за мене?

Тој објасни дека сцената со бакнување ја снимиле пред ручек и дека и двајцата мислеле дека завршиле со сцената, но наместо тоа режисерот сакал одблиску да снима повторно откако Скарлет Јохансон изела сендвич со лук.

Дејмон рече: „Отидовме на ручек и мислевме дека завршивме со снимањето. Таа имаше сендвич со лук за ручек, а потоа моравме да ја снимаме сцената со бакнеж одблиску и таа рече: „Ох сра*е, штотуку изедов сендвич со лук!

Актерот рече дека за време на снимањето на сцената ја задевал поради мирисот на лук, кој всушност не го ни почувствувал.

 

Scroll to Top