Мирослав Илиќ ќе слави златен јубилеј со концерт во Скопје

Српскиот пејач Мирослав Илиќ на 18 март ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Со концертот тој ќе го одбележи златниот јубилеј, 50 години на музичката сцена.

Ова е прв концерт на Илиќ во Скопје по подолго време, а дел од регионалната турнеја, на која ќе ги испее најголемите хитови од изминатите педесет години. Пред скопската публика тој ќе ги испее евергрините „Није живот једна жена“, „Још те нешто чини изузетном“, „Вино точим а вино не пијем“, „Јесен седамдесет и неке“, „Луцкаста си ти“, „Поздраи је поздрави“ и многу други.

Организатор на концертот е „Балкан медиа“, кои билетите се веќе пуштени во продажба.

 

 

Scroll to Top