На Адам Драјвер не му дозволиле да вози „ферари“ во биографскиот филм за Енцо Ферари

Адам Драјвер, ѕвездата на новиот филм „Ферари“ кој имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, откри дека не му било дозволено да вози ниедно тркачко возило кое се појавува во биографскиот филм за легендарниот италијански производител на автомобили Енцо Ферари.

Актерот истакна дека не му дозволиле да вози поради нивното осигурување.

Филмот ја следи клучната година во животот на Ферари, 1957, кога се мачи да ја одржи компанијата во живот, се соочува со траума од приватниот живот и се бори со лутиот ривал „Масерати“ за доминација на тркачките патеки.

„Ферари“ е во режија на Мајкл Ман, филмот содржи возбудливи сцени од натпреварувањето на легендарната трка Илјада милји низ Италија, која често била фатална за возачите и гледачите.

За разлика од Драјвер, неговиот колега Патрик Демпси возел идентична реплика на легендарниот отворен болид, кој не им нудел никаква заштита на возачите. Демпси призна дека тоа било застрашувачко искуство.

„Ферари“ е еден од 23 филма кои се натпреваруваат за престижниот Златен лав во Венеција.

Scroll to Top