На Општина Аеродром не и смета што ѓубрето им смрди пред нос

Кабаст отпад, теписи, стари гаредробери, даски фрлени пред контејнерите поставени во населба Аеродром. Испратените фотографии до нашата редакцијата, направени се пред неколку дена.

Точната локација на сметот среде урбаната општина се наспроти општинската зграда, односно на паркингот кај кафеаната „Налеј“.

Во пораката испратена донашата редакција стои и дека ова не е првпат кабаст отпад покрај контејнерите да биде оставен на оваа локација. Постојано се остава смет на кој не му е местото покрај контејнерите.

 

Scroll to Top