Ако е за верување на студијата објавена во магазинот „British Medical Journal Open“, некои жени губат интерес за сексот по само 12 месеци врска со партнерот. Истражувачите од Универзитетот Саутемтон направија анкета на 4839 жени и 6669 мажи, на возраст од 16 до 74 години. Се открило дека на жените сексот им се досадува многу порано отколку на мажите.
Многу жени признале дека изгубиле интерес поради малите деца, помлади од пет години, како и од оние во првата година по раѓањето.
„Тоа може да биде последица од умор поради примарната грижа за децата, а факт е дека секојдневниот стрес и тоа како влијае на сексуалното функционирање на жените, и тоа повеќе од она на мажите. Губитокот на интерес може да биде поврзан и со промената на фокусот, наместо истиот да е насочен кон мажите и нивната врска, на жените прва грижа им е детето“, објаснуваат авторите на студијата.