На жените, сексот во врската им здосадува по една година

By

Ако е за верување на студијата објавена во магазинот „British Medical Journal Open“, некои жени губат интерес за сексот по само 12 месеци врска со партнерот. Истражувачите од Универзитетот Саутемтон направија анкета на 4839 жени и 6669 мажи, на возраст од 16 до 74 години. Се открило дека на жените сексот им се досадува многу порано отколку на мажите.

Многу жени признале дека изгубиле интерес поради малите деца, помлади од пет години, како и од оние во првата година по раѓањето.

„Тоа може да биде последица од умор поради примарната грижа за децата, а факт е дека секојдневниот стрес и тоа како влијае на сексуалното функционирање на жените, и тоа повеќе од она на мажите. Губитокот на интерес може да биде поврзан и со промената на фокусот, наместо истиот да е насочен кон мажите и нивната врска, на жените прва грижа им е детето“, објаснуваат авторите на студијата.

 

thinkstock | Autor: thinkstock
Додаваат декa чести причини за намалување на сексуалната желба и недостатокот на емоционалната близина со партнерот е лошата комуникација и здравствените проблеми. За некои жени причина беше арогантното однесување на партнерот, но и новите тетоважи или пирсинзите на телото. Од постојаните факти се споменуваат и лошите искуства во раните сексуални односи, па дури и насилниот секс.
Во оваа анкета 34% од жените принзаа дека немаат интерес за секс, додека во истата ситуација се наоѓаат 15% од мажите.

 

Ќе ви се допадне