Откако го освои Вимблдон, најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, со семејството дојде на летување во Хрватска. Тој пред неколку дена стигна на Корчула, па објави слики од летувањето. Фотки со Новак објавија и неколку негови фанови, како и сопственикот на ресторанот во кој Новак вечерал синоќа.
Српскиот тенисер често доаѓа во Хрватска. Тој неколкупати рекол дека хрватското крајбрежје за него е најубаво на светот.
„За мене, ама и за многу луѓе што ги знам, хрватското приморје е најубаво. Сум посетил многу земји, во Хрватска се чувствувам најубаво – тоа е ист јазик и иста култура. Луѓето тука секогаш се гостопримливи со мене и прават да се чувствувам добредојдено. Затоа ќе се враќам постојано“, рекол Новак во едно скорешно интервју за магазинот ИН.