Новата Бонд-девојка е секси

Прекрасната Ана де Армас влегува во друштво на Хали Бери, Ева Грин и многу други како најновата Бонд-девојка која ќе соработува со британскиот агент Даниел Крег.

Кубанско-шпанската актерка, која за првпат на сцената се појави како виртуелна љубовница на Рајан Гослинг во филм Blade Runner 2049, ќе ја игра улогата на Палома во најновиот Џејмс Бонд.

Ана изјави дека е голем фан на 007 филмовите со години, но најмногу била воодушевена од улогата на Хавиер Бардем како негативец во филмот Skyfall. За неа, Skyfall е првиот Бонд филм кој го има гледано на големиот екран.

Scroll to Top