„Останете поинакви“ – документарен филм на Марија Дуда

На 19 септември во киното „Фросина“ ќе биде промовиран документарниот филм на Марија Дуда, „Останете поинакви“.

Спортистката е режисер на документарниот филм кој го следи нејзиното патување низ Македонија со трчање и на велосипед. Тој има цел да ги поттикне жените да бидат издржливи, храбри, поинакви. Снимател е Борис Каески, а музиката користена во филмот е на Бети Илин, Сузана Турунџиева, Кирил Џајковски и Есма во соработка со Дуке Бојаџиев.

Снимањето на документарниот филм е поддржано од фондацијата на Марија Дуда, „Пинк супорт МК“.

Scroll to Top