Ракометарите на Македонија го загубија и третиот натпревар во Ф-групата на Светското првенство во Крагов, овој пат од Аргентина со 35:26.
Ракометарите на Кире Лазаров и овојпат првото полувреме го завршија со идентичен резултат како и на другите два, со минус седум голови разлика 11-18 и станаа првата репрезентација која првите три меча на Светското на полувреме ги губела со идентичен резултат.
Филип Талески со пет, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски со по четири погодоци беа најефикасни за Македонија, а Диего Симонет со осум гола беше најдобар за Аргентина.
Во наредните денови ќе играме во рамките на „Президент Купот“ каде што ќе играат осумте најслаби селекции на овој Мундијал. Натпреварите се играат во „Орлен Арената“ во Плоцк, а веќе на 19 јануари прв противник ни е селекцијата на Алжир. За потсетување, претходно Македонија загуби од Норвешка и Холандија.