Почина Весна Крстева новинар во националното радио Канал 77

Почина Весна Крстева, главен уредник на Канал 77.  Весна имаше 57 години, зад себе 28 години плодна радиска кариера.

„Новинарството е професија во која Весна целосно ја предаде својата личност и преку проектот кој и ја даде целата новинарска слава со циклусот емисии „Судбо, моја судбино“.  Весна Крстева беше дел од штипскиот и македонскиот новинарски еснаф. Колегите ќе ја паметат по позитивната енергија, професионалноста да се постави вистинското новинарско прашање, но и да помогне на младите колеги“, велат од Канал 77.

Погребот е утре 27 септември, во капелата од 12 до 13 часот на Градските гробишта, по што ќе се одржи комеморација во радиото Канал 77 во Штип.

Scroll to Top