Покажете му ги градите на докторот

Од 2011 година 13 октомври е Светски ден без градници. Жените ги соблекуваат градниците за да ја подигнат свеста за самопреглед на градите, но и за редовно правење мамографија.

Овој ден стана популарен благодарение на социјалните мрежи и иницијативата на жените да ја зголемат свесноста кај другите жени за спречување на ракот на дојката. Ракот на дојката е во постојан пораст и се предвидува дека до 2020 година од него може да починат до 76.000 жени во светот.

По повод овој ден се организираат многубројни кампањи, се споделуваат информации, се поттикнуваат жените да одат на лекар, а голем број жени објавуваат фотографии на социјалните мрежи на кои не носат градник под облеката и го користат хаштагот #nobraday.

Scroll to Top