Поради цртеж со пенис повлечена е епизода на „Пчеличката Маја

„Нетлфликс“ повлече епизода од анимираната серија „Пчеличката Маја“, откако родител забележал цртеж во облик на пенис врежан во дрвото во позадината во една сцена од популарниот цртан филм.  Мајката Чеј Робинсон во цртаниот со насловот „Кралот Вили“, го забележала спорниот цртеж во внатрешноста на дрвото и реагирала на социјалните мрежи.

„ Ве молам, обрнете внимание на она што децата го гледаат. Такво нешто не би смеело да се најде во цртаните филмови за деца. Страшно сум згадена“, напишала таа на Фејсбук, споделувајќи фотографија од спорната сцена.

По ова  35-тата епизода од првиот серијал на „Пчеличката Маја“ е отстранета од листата.

Scroll to Top