Пред 54 години ја глумеше Пипи Долгиот Чорап, а денес работи како секретарка во Стокхолм

Шведската актерка Ингер Нилсон беше главна улога во легендарниот филм „Пипи Долгиот Чорап“ снимен во 1969 година.

Ингер (64) имала десет години кога ја глумела Пипи, а ја избрале од дури 8.000 девојчиња. Иако улогата ја прослави, подоцна не ѝ користела многу. Имено, Ингер сакала да продолжи да глуми, но сите ја поистоветувале со Пипи и таа не можела да добие друга улога.

Таа одигра една од попознатите улоги во германската криминална серија Der Kommissar und das Meer, која се емитуваше од 2007 до 2018 година. Сепак, нејзините актерски ангажмани се повремени, а таа инаку работи како секретарка во ординација во Стокхолм.

Така подоцна се појави во популарното шведско реално шоу Kändisdjungeln, а во 2015 година го сними филмот The Here After.

Актерката еднаш изјавила дека е сосема поинаква од ликот што ја прослави.

„Пипи беше сосема поинаква од мене, јас бев повлечена девојка и по карактер различна од неа“ изјавила во една прилика актерката.

 

Scroll to Top