Премиере, сакото ви е големо!

Македонскиот дизајнер Златко Јовановски, чија модна колекција ЈЗЈ лани беше преставена на Модниот викенд во Лондон, реши со своите модни совети да им помогне на познатите личности во стилот на облекувањето. Самитот во Подгорица, на кој присуствуваше премиерот Зоран Заев, беше инспирацијата за денешната модна критика на Златко.

„Црн костум е секогаш сигурна и проверена комбинација за господата кога се на важни настани. Премиерот Зоран Заев го комбинирал со вратоврска која е во топол тон. Браво за кошулата која не е бела и досадна. Ми се допаѓа ширината на вратоврската. Не е широка како оние што се носеа во 2003 година.

Сепак, во целата комбинација на премиерот Заев, тој има забелешка во однос на големината на сакото. Златко Јовановски  вели:

Сметам дека на неговата висина одговараат сакоа што се пократки од ова што го носеше на самитот во Подгорица. Барем да е покусо 5 см во должина и совет плус од мене е да носи еден конфекциски број помал од овој што го носеше вчера. Сепак, тој нема пивски стомак, па и нема потреба да носи поголеми сакоа и му советувам такви да не облекува во иднина. Така ќе изгледа повисок, а помалото сако убаво ќе изгледа и откопчано и закопчано.

(А.Г.)

Scroll to Top