Принцот Филип однесен во болница

Принцот Филип бил примен во болница за хируршка интервенција, објавија  службите од Бакингемската палата.

“Неговото Кралско Височество Војводата од Единбург бил примена во болницата на „Кралот Едвард VII“ во Лондон, каде му била закажана операција на колкот. Хируршкиот зафат е палниран за денес”, се вели во соопштението.

Војводата поради здравствените проблеми не бил во можност да учествува на традиционалната миса во капелата Св. Џорџ, каде треба да се одржи свадбата на принцот Хари и Меган Маркл на 19 мај.

 

Scroll to Top