Проблеми во рајот за Ештон Кучер и Мила Кунис

Ештон Качер и неговата сопруга Мила Кунис се пред развод, вели извор близок до познатата двојка. Според нивни блиски пријатели, бракот на холивудските ѕвезди во последно време станал вистински пекол и речиси им е невозможно да функционираат како двојка.

Двајцата се заедно само поради нивните две деца, четиригодишната ќерка и двегодишниот син.

„Дали нивниот брак е совршен? Апсолутно не“. Двајцата постојано се расправаат и речиси не можат да минат еден ден без да си викаат еден на друг. Но, истовремено во нивните деца гледаат и одреден напредок во врската и тоа е лепакот кој сеуште ги држи заедно“, вели нивен близок пријател.

Уште една работа која ги спојува Ештон и Мила е поранешната сопруга на актерот Деми Мур, која најави дека ќе ги објави своите лични мемоари, кои се базираат како што вели на пеколниот брак со Ештон и причината поради која од него се развела во 2012 година.

„Тие се баш како и секоја двојка која има падови и издигнувања. Сепак и покрај целиот тој притисок двајцата сакаат да успеат и не сакаат да се откажат еден од друг“, вели изворот.

 

 

Scroll to Top