Салвадор повторно во болница, му откажале бубрезите

Победникот на Евросонг, португалскиот пејач Салвадор Собрал, повторно е во болница. Тој и покрај тоа што успешно ја помина операцијата, односно трансплатацијата на срцето, работата се искомплицирала. Дванаесет дена по операцијата, Салвадор повторно е вратен на интензивна нега заради влошување на здраствената состојбата. Причината е инфекцијата која се појавила, постоперативно, заради што сега  му откажале бубрезите. Родителите и пријателите , секој ден го посетуваат, а во болницата ќе го мине и Божиќ.

И покрај сите компликации, музичарот не престанува да сонува за музиката. Иако, направи пауза во кариерата, тој е убеден дека наскоро ќе закрепене и повторно ќе може да пее.

Scroll to Top