Американската актерка Сандра Булок со нејзиното момче Брајан Рандал, со кого имала четиригодишна врска, се венчале тајно. Како што пишува магазинот Life & Style, актерката не сакала преголемо медиумско внимание.
Двојката се венчале во нивниот дом каде присуствувале само нивните деца. Тоа е нешто што Сандра го сакала. Немало фанови, пријатели, семејство или било кој вид лудило. Присутни биле само лицата кои на нив им значеле.
„Забавата минала фантастично, исто како што минале изминатите четири години, колку што биле заедно“, изјавила Сандра.
Се минало скромно и без никакви скапоцени работи или барања. Како што објаснил близок пријател на Булок, тој пристигнал во нивниот дом за да присуствува како сведок на двојката во давањето заклетва.
„Брајан го стави прстенот на раката на Сандра, а потоа ја бакна и тоа беше тоа. Тие станаа маж и жена“, признал изворот.
Менаџерот на Сандра го негирал овој настан, и покрај тоа што Брајан е забележан во јавноста со својот прстен на раката. Од друга страна магазинот пишува дека во јавност Булок не го носела својот прстен.
Нејзин близок пријател вели дека таа не сакала новиот брак да биде спореден со претходниот, како и тоа дека не сака медиумско внимание, кое сигурно нејзиниот нов брак ќе го предизвикал.
„Сандра го сака новиот сопруг, но не сака споредувања. Тоа што нејзиниот поранешен сопруг ѝ го направи, сеуште ја прогонува. Сандра не сака ништо да ѝ застане на патот на нејзината среќа“, вели изворот.