Српскиот пејач Саша Ковачевиќ уште на прва остава впечаток дека е од оние личности со кои едноставно „врви муабетот“. Комотен во разговорот, спонтан, не крие колку е вљубен во сегашната девојка Зорана Тасовиќ, поранешна мис на Војводина.
Па на прашањето дека секогаш е во некаква љубовна врска, најчесто од по две години низ насмевска вели:
“Аман, гризни јазик. Сега ја најдов вистинската“.
Освен што ни откри колку е љубоморен како маж и дека никогаш не би можел да биде во љубов со некоја јавна личност, ни раскажа и како ја криеле врската со Зорана осум месеци.
За тоа каде и зошто морале да се појават заедно додека претходно ги следеле папараците, за љубовта со македонската публика, за првиот настап, за почетоците на кариерата, за ресторанот кој неодамна го отвори и во кој сите доаѓаaт на кафе, до тоа како раегира на женската публика, кој ги бира девојките во спотовите… гледајте го интервјуто.
Александра Георгиев