Се породи Серена Вилијамс, ќерката се вика Адира Ривер Оханијан

Поранешната американска тенисерка Серена Вилијамс роди девојче.

„Добредојде мој прекрасен ангел“, напиша Серена Вилијамс во описот на Инстаграм.

Ќерката на Серина се вика Адира Ривер Оханијан.

Серена Вилијамс е во брак со Алексис Оханијан од ноември 2017 година. Тенисерката и Алексис Оханијан ја имаат ќерката Оливија, која се роди во септември 2017 година.

Серена Вилијамс (41) во кариерата освои 23 Грен слем титули во сингл, а играчката кариера ја заврши минатата година на УС Опен.

Scroll to Top