Се разведува мајка ѝ на Бијонсе, по осум години брак

Тина Ноулс (69), мајка на Бијонсе Ноулс Картер и Соланж Ноулс, се разделува од актерот Ричард Лосон по осум години брак. Како причина за разводот таа ги навела непомирливите разлики.

Таа неодамна беше видена на аеродромот во Лос Анџелес како излегува од црн автомобил без бурмата на рака. Во своето прво појавување, Ноуелс носела црн горен дел со долги ракави и црни панталони, кои ги дополни со чанта од Луј Витон.

Веќе се шушкаше дека имало проблеми во бракот кога таа не се појавила на промотивната турнеја на неговиот филм „Црн терор“.

Иако веста за нивниот развод стана позната, Ноуелс се уште јавно не се огласил.

Тина Ноулс и Ричард Лосон беа пријатели со децении пред да почнат врска во 2013 година. Двојката се венчала на јахта во Њупорт Бич, Калифорнија. Пред него, Ноуелс беше во брак со Метју Ноулс повеќе од 30 години и со него ги има ќерките Бијонсе и Соланж.

Scroll to Top