Секс-скандалот на Клинтон во новата сезона на популарна ТВ-серија

Тема на третата сезона на популарната ТВ-серија „American Crime Story“ ќе биде секс-аферата меѓу поранешниот претседател на САД Бил Клинтон и стажантката во Белата куќа Моника Левински. „Гардијан“ објави дека Левински  ќе биде   продуцентка на сезоната за еден од најголемите политички скандали во историјата на САД за врската што се одвивала во перидот од 1995 до 1997 година, а беше откриена во 1998 година.
Снимањето на новата сезона насловена „Impeachment“ треба да почне во февруари, 2020 година, а премиерата на првата епизода е планирана на 27 септември 2020 година.
Моника Левински ќе ја игра Бини Фелдстин, а Линда Тип, вработена во Белата куќа која ги снимала разговорите со неа и помогна во разоткривањето на аферата што фрли дамка на кариерата на Клинтон, ќе ја игра Сара Полсон.
Првите две сезони на серијата „American Crime Story“ и сто така беа инспирирани од вистински настани од поновата историја на САД.

Scroll to Top