Скопјанка се пожали: Што стока народ сме?

Скопјанка се пожали вчера на социјланите мрежи, објавувајќи фотографија од нејзиниот точак, кој секој ден го паркира во влезот од нејзината зграда. Вели дека станарите од влезот и ја користат  корпата од точакот, како корпа  за фрлање ѓубре.  Од пластични шишиња до лушпи од банани, шприцови за силикон, хартивчиња од мастики.

„Секој ден ми фрлаат ѓубре во корпата на велосипедот. Денес цело шише со вода.  Пред некој ден најдов лушпа од банана. Пред тој ден шприц за силикон. Златца од чоколатца, мастики…секој ден. Што стока народ сме?„, пишува револтирана на социјалните мрежи.

Scroll to Top