Сликарот Михаил Корубин, сопругот на пејачката Каролина Гочева, ќе има прва самостојна изложба во Њујорк. Уметникот ги покани сите негови пријатели да ја посетат.
„Драго ми е што можам да ја најавам мојата соло-изложба Gaze во Галерија МЦ во Њујорк. На изложбата ќе има слики во масло и акрил бои на платно. Се надевам дека ќе ве видам таму“, напиша Михаил на „Фејсбук“.
Михаил е долгогодишен сликар и најчесто црта ликови на девојки, а пред една година нацрта и портрет на Каролина, слика која се најде на нејзиниот албум.