Екс-југословенската поп ѕвезда Сања Долежал, никога не се помири со прераната смрт на кошаркарот Дражен Петровиќ. Сеуште кај неа постојат силни чувства кон љубовта на нејзиниот живот, открива музичкиот менаџер Зоран Шкугор. На Дражен најмногу се присетува преку стиховите од песната „Још те волим“, на Нови Фосили“.
Двајцата се запознале преку Шкугор, кој раскажува дека нивната љубовна приказна на почетокот требало да биде маркетиншки трик кој треба да им помогне во во нивните кариери. Пејачката на „Нови фосили“, постојано била главна мета на фоторепортерите за време на натпреварите на Дражен.
„Постојатно ја снимаа на мечевите на Дражен. Сања навиваше за него, а сите се прашуваа дали тоа е новата девојка на кошаркарската легенда. Тие не сакаа да се кријат од јавноста. Често беа видени заедно како се држат за рака на Штросмаеровото шеталиште. Обожавателите кои ќе ги одминеа им дофрлаа дека се прекрасна двојка. Им посакуваа брак со многу деца и среќен живот“, се присетува Шкугор.
Менаџерот се присетува на времето кога Сања го маѓепсала Дражен. Двајцата биле постојано на мета на папараците, но знаеле како да се справат со притисокот од јавноста и покрај тоа што биле млади и наивни.
„Одлично се носеа со товарот на славата. Таа една година, двајцата живееја еден за друг. Немаше место за љубомора. Но, постојаните патувања низ светот на натпревари и концерти си го направија своето. Врската во далечина не им одговараше. Двајцата решија да се разделат. Дражен постојано имаше натпревари, а Сања правеше и по 200 концерти годишно. Полека емоциите згаснаа. Двајцата раскинаа во 1986 година“, вели Шкугор.
И покрај нивната разделба Сања и Дражен останале блиски. Двајцата секогаш наоѓале слобдно време за ручеци и ноќни средби. По нивната разделба двајцата остнале пријатели.
„Сања и Дражен имаа огромна меѓусебна почит. Нивната врска ќе остане засекогаш посебна. Таа сеуште контактира со мајката на Дражен“, вели Шкугор.
Дражен загина во 1993 година во сообраќајна несреќа во Германија на 28 годишна возраст. Тогаш кошаркарот беше во врска со Клара Шаланти.