Фолк-пејачката Татјана Лазаревска заедно со групата „Маестрал“ и Андреј Илиоски заминуваат на турнеја во Америка. Тие ќе одржат пет концерти помеѓу 24 август и 9 септември. Концертите се дел од собирот на православните македонски цркви во Америка и Канада, кој оваа година ќе се одржи во Чикаго, во црквата „Св. Кирил и Методиј“.
Првиот концерт е закажан за 24 август, кога ќе се одржи македонска вечер во Чикаго. На 31 август, 1 и 2 септември тие ќе настапат на Македонската конвенција во Чикаго, а на 8 септември ќе настапат на 50-годишнината од постоењето на црквата „Св. Ѓорги“.