И Тито бил од гипс

Оштетен е споменикот на Јосип Броз Тито, кој се наоѓа пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во строгиот центар на Скопје. Како што може да се види од фотографијата, од мантилот на Тито е изронето едно парче. Споменикот на Тито беше поставен пред гимназијата на 29 ноември 2013 година, државниот празник на некогашната СФРЈ.

Споменкот беше поставен на 29 ноември 2013 година, државниот празник на некогашната СФРЈ

Од Општина Центар тогаш тврдеа дека ваков споменик не е предвиден со детаљниот урбанистички план и за него не е издадена дозвола. Претходно од Јосип Броз Тито, доживотниот претседател на СФР Југославија, имаше биста.

В. М.

Scroll to Top