Глумецот Том Хенкс кој минатата недела беше заразен со коронавирусот во Австралија е пуштен од болница, пренесуваат тамошните медиуми. Неговата сопруга Рита Вилсон и понатаму ќе остане во изолација.
Двојката минатата недела за време на својот престој во Австралија, каде снимаа документарец за Елвис Присли, се заразија со опасниот вирус. Рита имаше и концерт во Сиднеј.
Оскаровецот сега е пуштен од австралиската болница во која беше во изолација, а неговата сопруга ќе остане во болницата, но е неизвесно до кога, велат тамошните здравствени служби.
Том и Рита од моментот кога дознаа дека имаат коронавирус, останаа позитивни и не ја изгубија смислата за хумор. За време на нивниот престој во болницата и изолацијата, тие неколку пати се јавија до своите обожаватели преку социјалните мрежи. Ги советуваа да ги слушаат советите на експертите за да ја избегнат заразата.