Тони Кукоч му се јавил на Џордан, среќен е што документарецот завршил

Хрватскиот кошаркар Тони Кукоч е пресреќен што емитувањето на документарниот филм The Last Dance, за Мајкл Џордан е завршено. Тој за некои грчки медиуми објасни дека пред неколку дена се слушнал со Џордан за да му каже дека и покрај контроверзниот однос на почетокот со НБА легендата, тие и понатаму останале добри пријатели.

„Разговаравме пред неколку дена и му кажав дека сум среќен што документарецот заврши. Знаете зошто? Зтоа што во последните три недели добив повеќе телефонски повици од него во последните 20 години“, изјавил Кукоч.

Тој и неговите соиграчи трпеле сè и сешто од Џордан. „Летечкиот Мајк“, како што го викале, сакаше да биде најдобар и ги тераше своите соиграчи и тие да бидат најдобри. Таквите крвави тренинзи играчите не можеле да ги издржат. Ако не можете, слободно напуштете ја салата, им говорел Џордан.

„Ни кон мене не беше поинаков. Сите не третираше исто. Едноставно не тереаше до крајни граници. Постоеше добра причина за тоа, затоа што луѓето од нашата екипа имаа најголеми очекувања. Тоа не беше едноставно и сигурно не може секој да го поднесе тој товар. Постои хиреархија и секој го знаеше местото во екипата. Тоа отсекогаш беше така“, вели Тони Кукоч.

Документарниот филм во 10 продолженија за Мајкл Џордан и Чикаго Булс, The Last Dance, собра рекордна гледаност на ESPN, но истовремено предизвика низа на жестоки реакции. Не сите, ја дочекаа приказната за „кралот“, вклучувајќи ги и големиот број на поранешни соиграчи на Мајкл Џордан.

Документарниот филм откри бројни, добри, но и лоши страни од легендарниот Џордан, но го прикажа и во светот на боженството. Човекот беше кралот на „Булс“, а останатите мораа да го слушаат.

Скоти Пипен беше еден од главните соиграчи на Мајкл Џордан во „Чикаго Булс“, но според водителот на ESPN радио Дејвид Каплан, Пипен бил бесен поради начинот на кој е прикажан во документарецот. Особено не му се допаднало тоа што Џордан го нарекол себичен, затоа што не сакал да го оперира глуждот во последната сезона во 1998 година.

И Кукоч не беше пресреќен со емитувањето, но за разлика од Пипен, него го има помалку во документарецот. Во некои од ситуациите се покажани малтретирањата кои ги трпел за да може да се вклопи во тимот. На крајот Кукоч усеа и стана дел од момците кои освоија три шампионски прстени по ред.

 

Scroll to Top