Трансроден модел е зајачица на насловната на „Плејбој“

На насловната страница на германското издание на „Плејбој“ првпат се најде трансроден модел, јави Би-би-си.

Џулијана Фарфала (21) ќе се појави со разголени гради, во согласност со традицијата на тоа еротско списание. Се работи за трансроден модел којшто веќе е познат по своите настапи во реални шоуа.

Главниот уредник на списанието, Флоријан Боитин, вели дека Фарфала е „прекрасен пример во борбата за право на одредување на својот идентитет”. Тој натаму додава и дека овој потег е во согласност со традицијата на починатиот основач на „Плејбој“, Хју Хефнер.

Американскиот „Плејбој“ лани прв објави фотографии од трансроден модел.

 

Фарфала е роден како Паскал Радермахер во градот Брајсгау во југозападна Германија. Вели дека уште во раното детство се чувствувал/-а како да е во туѓо тело. Операцијата за промена на полот ја направил/-а на свои 16 години.

На својот инстаграм-профил моделот објави дека е „супер-горда” поради списанието.

Францускиот модел Инес Рау лани стана првата „трансродна ’Плејбој‘ зајачица”.

Scroll to Top