Успешно направена првата трансплатацијата на срце од починат донор

Ноќеска на Клиниката за кардиохирургија во Скопје за првпат во нашата земја е изведена трансплантација на срце, од починат донор. Операција траела 6 часа и завршила во 2 часот по полноќ, а со неа беше трансплантирано ново срце во телото на 54-годишен пациент.

Од истиот донор се трансплантираа и два бубрега кај пациенти со хронична бубрежна слабост, кои со години биле на дијализа. Министерот за здравство на Македонија, Венко Филипче упати честитки до тимот специјалисти кои работеа на операцијата.

На првата трансплантација на срце во земјава работеше мешан тим од кардиохирурзи, врвни експерти од повеќе здравствени установи меѓу кои и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија и д-р Жан Митрев од „Жан Митрев Клиник“.

Во тимот беше и професор д-р Александар Николиќ кардиохирург од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и шефот на Одделот за анестезија д-р Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од „Аџибадем Систина“.

Станува збор за тешка и ризична интервенција каква досега не била направена во Македонија.

Scroll to Top