Васил Гарванлиев го прослави првиот Божиќ со неговиот партнер во Чикаго. Тој сподели фотографија на Инстаграм како во друштво на нивни пријатели, облечен во пижами позираат покрај елка.
„Совршен почеток на крајот на годината заокружувајќи неверојатна година. Љубов. Смеа. Семејство. Музика. Радост. Ви посакуваме на сите здрави празници и нова година“, напиша Васил.
Гарванлиев во јуни се венча со неговиот партнер, а за Репортер изјави дека запросувањето било на романтично патување во Њујорк и дека се се случило набрзина. Се запознале кога Гарванлиев дошол во Америка и работите тргнале од прва.
„Заљубен сум и малку шокиран, стварно не очекував дека ќе ми се случи љубов. Ама како што велам, внимавај што посакуваш“, рече Васил за Репортер.
View this post on Instagram