Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, во емисијата „Практична жена“, покажа дека знае и да готви. Таа минатата недела гостуваше во популарната емисија и заедно со водителката Наташа Павловиќ подготви марципан топчиња со ф’стаци. Водителката, откако ги проба колачите ја пофали и рече дека се многу вкусни.
Додека готвеше, Анастасија зборуваше за својата прва песна, за сличноста со својата мајка, за тоа колку се плаши кога нејзиниот брат Вељко се бори во рингот. Таа откри дека ја сака српската храна, а рече дека омилено јадење ѝ се сарми.
„Можеби не изгледа така, ама кога се деновите со слави, мислам дека можам да изедам и по десет одеднаш“, рече Анастасија.