Принцот Џорџ (6), принцезата Шарлот (4) и принцот Луис (1) им ракоплескаа на британските доктори кои се борат против опасниот коронавирус. Видеото беше објавено на службениот профил на војвотката и војводата од Кембриџ.
„За сите лекари, медицински сестри, негователки, фармацевти, волонтери и останати здравствени работници кои неуморно работат на помош за оние кои се погодени од Ковид-19 вирусот. Фала ви“, стои во објавата.
#ClapForOurCarers #ClapforNHS from Windsor Castle!
👏👏👏 pic.twitter.com/gbk4c3FgjH
— The Royal Family (@RoyalFamily) March 26, 2020
Поддршка јавно даде и кралицата Елизабета Втора од дворецот Виндзор, каде е изолирана. Кралското семејство неодамна објави дека принцот Чарлс (70) е позитивен ан коронавирус и дека сега засега добро се држи. Синот на кралицата има поблаги симптоми на вирусот.