(Видео) Донациите за Тео и Тони пристигнуваат, но уште се без тоалет и струја

By

По објавената сторија на А1он за близнаците Тео и Тони кои се напуштени од родителите и живеат со своите баба и дедо, голем број граѓани се пријавија да донираат за ова семејство кое има потреба од храна, топла облека и реновирање на руинираната куќа каде немаат основи услови за живот.


Покрај храна и облека, семејството Зафировски има потреба и од парична помош. Сметката на дедо Веле е блокирана веќе подолг период поради долгот кој изнесува 12 илјади денари. Благодарение на донациите од граѓаните, семејството има нов функционален фрижидер и нова перална за алишта, но немаат електрична енергија и не можат да ги приклучат. Последен пат Веле и Станка сметката за струја ја платиле во далечната 1992 година и оттогаш па наваму тие се без струја.

Ова семејство има потреба од целосно реновирање на куќата во која живеат. Импровизираните прозори и врати не го задржуваат ладниот воздух кој влегува внатре во нивниот дом. Нужна е потребата и од тоалет, Тео и Тони се бањааат во када поставена на средина на соба во која тие учат, јадат и спијат. Од над двесте донатори кои се јавија во А1он и бараа контакт од семејството засега се собрале само 4000 денари.

Студениот период кој зема се поголем замав е дополнителен проблем за социјално загрозеното семејство. Јавното претпријатие „Македонски шуми“ денеска донираше 3.5 кубици дрва, но засега бесполезно бидејќи стариот шпорет кој го имаат е во распад и е нефункционален.

Ова е сметката на Веле Зафировски за сите оние кои сакаат да донираат финасиски средства.
Стопанска банка
200002750535193

Ќе ви се допадне

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 26 at GoGoAnime gogoanime my hero

My Hero Academia: Two Heroes (Dub) Episode Full at website https://funimationfree.com. See more funimation studios