(Видео) Емили Ратајковски страсно се бакнува со француски актер среде Париз

Емили Ратајковски е снимена како страсно се бакнува со актерот и комичар Стефан Бак, а нивната романса беше откриена во вторникот на улиците на Париз.

Инаку, 32-годишниот супермодел беше во врска со Ерик Андре, диџејот Оразија Рисп и Хари Стајлс откако минатата година се раздели од сопругот Себастијан Бер-МекКлард.

За романтичниот состанок, манекенката избрала кожна кабаница во комбинација со зелено свилено здолниште и чизми со потпетици.

Бак се прослави во 2012 година на 16-годишна возраст како „најмладиот комичар во Франција“ благодарение на неговите ѕвездени стенд-ап настапи во малите париски клубови, вклучувајќи ги Ле Палас и Театр Тревиз. Француско-конгоанската ѕвезда бил исфрлен од средно училиште во 2011 година, а подоцна му било одобрено од француското Министерство за социјални работи да почне да работи на само 14 години, што доведе до неговата кариера како комичар. Неговите актерски заслуги ги вклучуваат Тимскиот дух на Кристофер Баратие, Alone на Дејвид Моро и Elle на Пол Верховен. Неговата најзначајна улога била во филмот на Вес Андерсон од 2023 година Астероид Град, каде глумеше заедно со ѕвездите од А-листата Скарлет Јохансон и Том Хенкс.

Уште во март, Емили ги шокираше обожавателите кога беше видена како се бакнува со Стајлс (29) на улиците на Токио по неговото разделување со Оливија Вајлд.

Scroll to Top