(Видео) На Кинезот Ванг му се исполни желбата да дојде во Крушево и на концерт да ја испее „Чија си“ од Тоше

Кинезот Ван Сио Чанг, кој во Пекинг на плоштад ги пееше песните од Тоше Проески деновиве е во Македонија и имаше настап во Крушево. Прво го посети Скопје, а потоа замина во родното место на Тоше, каде ги посети неговата спомен куќа и Македонониумот.

Потоа настапи на концерт во Крушево, каде што ја испеа „Чија си“, песната со која Тоше победи на Беовизија во 2003 година и за која Ванг рече дека му е меѓу омилените.

Видеото го сподели еден од најдобрите другари на Тоше од детството, Стерули Штерјоски кој за Ванг рече дека му се исполнила желбата да дојде во Крушево и да научи македонски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Steruli Šterjoski (@steruli)

„Ванг е од Кина кој во Пекинг на плоштад ги пееше песните од Тоше. Ја сака Македонија и учи македонски. Конечно му се оствари желбата да дојде во Крушево“, рече Штерјоски.

За потсетување, Ванг ѝ стана миленик на македонската публика со видеата на кои пееше песни од Тоше и уште неколку пејачи од регионот како Дино Мерлин, Саша Ковачевиќ, Жељко Јоксимовиќ и други.

(Видео) Момче од Кина среде Пекинг пее хитови од Тоше

 

Scroll to Top