Новиот мјузикл „Мама миа“, кој ќе се прикажува следната година, ќе ја раскаже приказната за младата Дона и како таа ги запознала тројцата мажи од кои еден е таткото на Софи.
„Mamma Mia: Here We Go Again“ повторно ќе ги оживее хитовите на AББА, но за разлика од првиот дел снимен на грчкиот остров Скопелос, продолжението е снимено на остров во Хрватска.
Софи открива дека е бремена, но не знае како да се справи со целиот тој процес сама бидејќи мајка ѝ Дона е почината. Потоа нејзините тетки ја мотивираат раскажувајќи ѝ како нејзината храбра мајка минала низ истото и ја родила и пораснала неа.
На крајот од видеото се појавува Шер, која ќе влезе во улога на бабата на Софи.