Кога станува збор за боливудските свадби, тие не можат да се споредат со ништо друго. Огромни се, раскошни и сè блеска. Многу злато, традиционални костими и стотици гости.
Дипика Падукон (32) и Ранвир Синг (33) направија свадба во Мумбаи, откако претходно се свршија во луксузна италијанска вила покрај езерото Комо, во која се имаат снимано сцени од филмовите Star Wars и James Bond. Но, тогаш парот постави правило дека не е дозволено фотографирање и, за жал, во јавноста нема фотки од настанот.
Дипика е моментално најпознатата индиска актерка, која се има појавено во преку 30 филмови. Таа глумеше и со Вин Дизел во Return of Xander Cage. И нејзиниот сопруг има успешна актерска кариера.
Тие започнаа да се состануваат од 2013 година. Дипика има речиси 29 милиони следбеници на Инстаграм, a Ранвир 16.5 милиони.
Невестата носеше фустан во боја на слонова коска, рачно извезен со шифон, украсен со многу Сваровски кристали, а како накит имаше бисери, дијаманти и низа други детали.