(Видео) Судија му покажа на фудбалер црвен картон во форма на круг

Главниот судија на натпреварот меѓу Врехам и Шефилд Јунајтед во англискиот ФА куп на еден од фудбалерите му покажа црвен картон во форма на круг. Ваквиот картон е за фудбалерите кои не можат да ги распознаваат боите, објасни пензиониран судија по натпреварот.

„Вака им се олеснува работата и на судиите кога ги вадат картоните. Полесно можат да ги распознаат во џебот“, објасни судијата.

Картонот беше за гостинскиот фудбалер Даниел Џејбисон по направен фаул, па ги збуни навивачите.

Ова не е првпат да биде покажан ваков картон. Поранешниот англиски судија Урија Рени рече дека досега користеле картони во различни форми.

„Ваквите картони во Англија се воведоа во 1997 година, но не се користеа, па ги заборавија. Картоните се за играчите кои не можат да ги разликуваат боите, па по обликот сфаќале дали се работи за жолт или црвен картон. Црвениот во таква ситуација е во круг, а жолтиот во облик на коцка“, рече Рени.

Scroll to Top