Џасмин Џордан зборува како е да се биде ќерка човекот кој се смета за најдобар кошаркар на сите времиња.
Мајкл Џордан и на 57. години ја бранува кошаркарската јавност, овој пат со документарниот филм „Последниот танц“ кој е посветен на него и на шампионската генерација на Чикаго булс.
Во „Последниот танц“ е прикажана неверојатна желба за победа на Џордан, желба која доведе да се степа и со соптвените соиграчи само за да ги мотивира да бидат подобри. Да се биде покрај Џордан со неговата ненормална опсесија претставуваше вистински хорор за неговите соиграчи, но дали беше така и во приватниот живот открива неговата ќерка Џасмин Џордан.
– Можеби на работа. За мене отсекогаш беше: татко, човекот кој ме сака, ме заштитува и кој и до денешен ден ме нарекува „мојата принцеза“ – вели Џасмин.
– Како се прикажува нова епизода од „Последниот танц“ ние веднаш се слушаме или си разменуваме пораки. Немав никаков увид во документарниот филм, а ниту пак ме интересираше.
Таа има идентични впечатоци како и останатите милиони луѓе кои ги гледале осумте епизоди од вкупно десет од „Последниот танц“.
– По првите четири епизоди кога се слушнавме му реков: Опа, стари…Навистина си врв и најдобар на сите времиња. Кога бев дете ништо не знаев, тогаш ми беше важно што татко ми е покрај мене, ме сака и не се грижев со каква работа се занимава.
Но, како што растев ми стануваше чудно зашто сите го обожуваат татко ми. Ок, сфатив дека е познат спортист и дека поради тоа е на телевизиите и медиумите, но тоа беше лудило.
Бидејќи не ја интересирал спортот, Џасмин како тинејџерка одлучила да открие зашто нејзиниот татко е толку популарен.
– Замислете, на интернет го „изгуглав“ сосптвениот татко, за да видам за што станува збор. ОК, јас го обожувам бидејќи е прекрасен родител, но си мислев дека не може да биде толку кул. Испадна дека не сум била во право. Сега во приказната за Чикаго приметувам сличности со човекот кој ме израсна. Кога проверува како е Стив Кер или разговара со Скоти Пипен за да го задржи тој оган во нивните очи. Така и мене ме мотивираше да учам, да го сакам само најдоброто и секогаш да го извлекувам максимумот од потенцијалот кој го имам, додека мене ми беше најважно само да ја завршам учебната година.
Џасмин Џордан открива дека има подобар од нејзиниот татко.
– Тоа е мојот син, го врти околу малиот прст како што сака. Тој му е прво внуче и околу него постојано се топи. За сите посакува и претпочитува највисоки критериуми, освен за сопствените деца и внуци, тогаш дозволува се. Во ова време на изолација постојано го прашувам за документарниот филм, а тој мене секој ден ми се јавува само за да зборува со внукот.