Зграда накитена со пакетчиња во Струмица

Во близина на центарот на Струмица, кај старата автобуска станица, новата зграда, го привлекува вниманието на возилата и минувачите. Под балконите , на секој од становите има по неколку новогодишни пакетчиња, во црвена, златна и зелена боја, завиткани во панделки. Оваа идеја на сопстевникот на зградата ја поздравија и струмичани, кои велат дека ова е интересн начин како да се разубави градот.

„Зградтата е се уште во изградба. Едната страна е готова, а другата се уште се прави. Доле има продавница, ама становите се уште се празни, иако веќе некои луѓе купиле стан. Но, идејата вака убаво да изгледа, е на сопругата на сопственикот на објектот, која од мерак пред Нова Година, решила да ја разубави фасадата“, изјавија за “Репортер“ од Општина Струмица.

Досега, велат струмичани, на никој вакво нешто не му текнало, но како идеја е убаво, и нема минувач, раскажуваат од таму, а да не погледне во новогодишната фасада. (А.Г.)

Scroll to Top