Женскиот оргазам трае трипати подолго од машкиот

Светски познатиот магазин за мажи, „Менс хелт“, објави неколку интересни факти за женскиот и за машкиот оргазам. До резултатите дошле врз база на консултација со научни тимови, лекари и неколкугодишни испитувања.

1. Сексуалниот однос трае околу 17 минути

Просечниот сексуален однос трае од 100 до 500 пенетрирања или во просек 17 минути и 5 секунди. Во ова време не е пресметана предиграта.

2. Жените можат да доживеат оргазам и во сон

Некои жени може да доживеат оргазам и додека спијат, ако сонуваат еротски соништа. Гинекологот Шери Рос вели дека иако нема физички контакт, во текот на еротскиот сон крвта во гениталиите струи побрзо, а тоа води до оргазам. Дополнително, кога спиеме сме мирни и опуштени, нема никакви нервози и тоа е идеално време за доживување оргазам.

3. Женскиот оргазам трае трипати подолго од машкиот

Женскиот оргазам трае 20 секунди, што е многу повеќе од машкиот кој трае само 6 секунди. Жените можат да доживеат и неколку оргазми по ред, но тоа не е случај и кај мажите.

4. Жените фантазираат за Бред Пит додека се самозадоволуваат, мажите на Бијонсе

Компанијата за сексуални помагала Tenga направи анкета за тоа на кои познати личности мислат луѓетокога се самозадоволуваат. Во истражувањето учествувале 13.000 луѓе на возраст меѓу 18 и 74 години, од различни краеви на светот. На прво место е Бијонсе, па Џенифер Лоренс, Ким Кардашијан, Тејлор Свифт и Кајли Џенер. На листата на мажите за кои размислуваат жените се најдоа Бред Пит, Џони Деп, Крис Хемсворт, Том Круз и Крис Прат.

5. Клиторисот е всушност мал пенис

Кај девојчињата во фаза на ембрион се развива клиторис, а од истото тоа ткиво кај момчињата се развива пенисот. „Сите сме градени од исти делови, а хормоните во телото одлучуваат дали ќе се развијат машки или женски органи“, вели урологот Наталија Лопушнјан. Врвот на клиторисот потсетува на врвот на пенисот, а двата се хиперчувствителни и се однесуваат слично. „Кога жената ќе се возбуди клиторисот почнува да расте како што расте пенисот во истата ситуација“, вели таа.

6. Мажите се возбудуваат од женскиот глас

Истражување на Универзитетот во Олбрајт покажува дека жените можат свесно да манипулираат со својот глас, да звучат еротично и привлечно. Според научниците, мажите се возбудуваат на длабок и задишан глас, а жените наводно несвесно го продлабочуваат гласот кога сакаат да му порачат на мажот дека се заинтересирани за секс.

Scroll to Top