29 ученици на практична настава во БРАКО, се обучуваат идни заварувачи и техничари

Вкупно 29 ученици од средното стручно училиште „Коле Неделковски“ од Велес изведуваат практична настава во фабриката БРАКО. Учениците кои се запишани на  насоките техничар за производно машинство и заварувач, преку практичната настава дознаваат како изгледа производството во една фабрика: од влезна суровина, текот на производниот процес, до финален производ. Притоа, се обучуваат да ја применуваат и најсовремена технологија која компанијата редовно ја обезбедува во своите погони.

Веќе трета година БРАКО е вклучено во проектот „Дуално образование”, кој овозможува теоретска и практична настава и кој од стопанството се смета за вистински чекор кон создавање на добро обучени и стручни кадри за кои индустријата има потреба.

Проектот за дуално образование се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука и Делегацијата на германското стопанство.

Scroll to Top