Баленсијага е првата модна куќа што го напушти „Твитер“

Се чини дека сè повеќе големи компании, брендови и познати луѓе го напуштаат Твитер откако Илон Маск го презеде во октомври оваа година. Причина за ова, пишува Business of Fashion, е тоа што тие стравуваат дека по масовните отпуштања на Маск, контролата врз објавеното ќе биде многу помала и сакаат да избегнат нивните реклами да бидат поврзани со дезинформации и говор на омраза.

Досега Твитер, меѓу другите, го напуштија Џенерал Моторс, Дајсон, Џиџи Хадид, а Баленсијага беше првата модна куќа која  го направи тоа.

До моментот на нејзиното заминување од платформата, Баленсијага имаше 950.000 следбеници, а точната причина зошто го напуши твитер сè уште не е официјално објавена. Иако многумина шпекулираат дека Маск е проблемот и во овој случај, факт е дека Баленсијага ги користи социјалните мрежи на неконвенционален начин.

Покрај Твитер, модната куќа користи и Инстаграм каде објавува фотографии поврзани само со она што е моментално актуелно за брендот, на пример летната колекција или нова кампања, а потоа во рок од неколку дена ги брише сите, оставајќи простор за нови вести.

Можеби бришењето на Твитер е дел од некоја нова стратегија смислена од креативниот директор Демна.

Фото: complex.com