Рекорден број гледачи за женски спортски настан е регистриран на одбојкарски колеџ натпревар во САД. На мечот на кој Небраска ја совлада Омаха на својот стадион „Меморијал“ имаше 92.003 гледачи и со ова беше соборен светскиот рекорд од лани. На ланскиот дуелот од Лигата на шампионите помеѓу Барселона-Волфзбург, на „Камп ноу“ тога беа присутни 91.648 луѓе.
Досегашниот рекорд во САД беше 90.185 гледачи, од финалето на Светското кошаркарско првенство во 1999, во кое Американките ја совладаа Кина.
Одбојката ја надмина кошарката како најпопуларниот женски средношколски спорт во САД, а во самата Небраска одамна е број еден.