Аматерски хуманитарен велеслалом во Маврово за болните од цистична фиброза

Аматерски хуманитарен велеслалом ќе се одржи во Мавроро по 21 -ви пат од 3-ти до 5-ти март. Донацијата од учесниците ќе биде наменеста за здружението кое ги брани интересите на заболените од цистична фиброза, Асоцијацијата за цистична фиброза.

Здружението еневладино и непрофитабилно здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување, вршење на дејности и активности за поддршка на лицата болни од цистична фиброза во Македонија, без разлика на верата, расата и националноста.

Оваа асоцијација се залага за подобрување на условите на квалитетот на живеење на лицата болни од цистична фиброза, помага во обезбедувањето на средства за физикална терапија. АЦФ сака да создаде можност лицата со ЦФ да можатда учествуваат во создавањето на вистински вредности на општеството и да го дадат својот целосен придонес.

За учеството на аматерскиот хуманитарен велеслалом може да биде се која компанија и има можност да пријави еден или повеќе тимови, каде што еден тим мора да биде составен од 3 учесници, само скијачи, само бордери или мешано.

За начинот на пријавување повеќе информации може да најдете тука.

Scroll to Top