Астронаути од Кина се вратија на Земјата по пет месеци поминати во вселената

По пет месеци поминати во вселената, кинеските астронаути се вратија на Земјата.

Тројца кинески астронаути се наоѓале на кинеската вселенска станица, а повратната капсула на вселенското летало Шенжу 16 била забавена од голем падобран. Тие слетаа во близина на пустината Гоби.

Пред овие тројца астронаути да се вратат на Земјата, новиот екипаж од тројца се упати кон друга вселенска станица.

Ова беше и најмладиот екипаж што Кина го испрати во вселената, членовите се на 33, 35 и 48 години, а патем, Кина ја зајакнува својата вселенска програма и планира да испрати луѓе на Месечината во 2030 година.

Scroll to Top