Австрија дава бесплатна карта за јавен превоз за оние кои ќе го тетовираат името на билетот

Во Австрија секој ќе може да го користи јавниот превоз бесплатно, ако направи тетоважа на која пишува името на билетот „Климатикет“. Билетот чини 1000 евра, а оваа мерка владата ја донесе уште во 2021 година како дел од мерките за справување со климатските промени.

Беше промовирана од пратеничката на „Зелените“ и министерката за клима во земјата Леоноре Гевеслер. минатата недела на музички фестивал, каде и самата таа ја стави привремената тетоважа на која пишуваше „Гевеслер го презема водството“.

Низ земјата веќе се поставени неколку штандови, каде луѓето можат да се тетовираат. Организаторите објавија дека досега шестмина се тетовирале и добиле бесплатен билет. Иако мерката наиде на одобрување во јавноста, многумина и ја критикуваа. Меѓу нив имаше и австриски партеници.

Годишен билет може да се користи во речиси целиот јавен превоз во Австрија, овозможувајќи им на луѓето да патуваат низ целата земја за само 3 евра на ден со попусти достапни за млади, постари лица и лица со посебни потреби.

Чини вкупно 1.095 евра годишно, а околу 245.000 луѓе моментално имаат купено ваков билет. Австрија има население од речиси 9 милиони луѓе.

Scroll to Top